Чачиќ: Примивме два евтини голови, имавме премногу грешки против Шкупи

Тренерот на Динамо Загреб, Анте Чачиќ/Фото: EPA-EFE/KHALED ELFIQI

Тренерот на Динамо Загреб, Анте Чачиќ го изрази незадоволството поради ремито на неговиот клуб на „Максимир“ против Шкупи во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите (2:2).

Стратегот на „модрите“ и покрај неочекуваното реми, вели дека сè е отворено во овој двомеч и дека следува реваншот во Скопје за седум дена.

– Реков во најавата дека секој меч е посебен за себе, дека нема да биде лесно. Противникот се покажа како цврст во дуелот, а ние премногу лесно примивме два гола. Дојдовме до резултат, доминиравме во второто полувреме, практично Шкупи не ни дојде на 16 метри. Но, тешко е да се очекува добар резултат кога нема да направите ништо во шеснаесетникот. Се игра уште еден натпревар, сè е отворено. Предноста е што не се бројат головите на гости. Имаме осум дена пред нас, ќе се подготвиме. Имавме премногу грешки – рече Чачиќ за „ХТВ“.

Потсетување дека возвратната пресметка помеѓу Шкупи и Динамо Загреб ќе се игра на 26 јули на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје, а главен судија ќе биде Јакоб Кехлет од Данска.

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми имаше добро издание, со гол и асистенција, но не е среќен од крајниот резултат. За капитенот на Динамо, ова беше 93 настап и 12 погодок во Европа за клубот.

– Немаше потценување. Добро почнавме во натпреварот, ги притиснавме во нивната половина. После оној мој нереализиран зицер, паднавме во некоја криза и го примивме тој несмасен гол. Се вративме на крајот, а потоа уште една грешка. Тоа е фудбалот. Следниот натпревар е за три дена, одиме на победа во Копривница, а потоа во Скопје. Задоволен сум поради што собраб толку настапи за Динамо, но овој ден не е баш среќен за мене – беа зборовите на Адеми за „ХТВ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот