Нафтата не била поевтина уште од короната
Цените на нафтата паднаа за околу два проценти, на најниско ниво од почетокот на 2021 година. Суровата нафта Брент се тргуваше за околу 59 долари за барел, а американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) за околу 55,5 долари за барел, објави Trading Economics- пренесе Политика. Ова го продолжи падот на цените од почетокот на годината на околу 20 проценти. Очекувањата дека војната во Украина можеби се ближи кон крајот ја зголемија можноста за ублажување на ограничувањата за протокот на руска нафта, намалувајќи ги потенцијалните прекини во снабдувањето на веќе добро снабдениот пазар.
Препорачано
Зголемената понуда влијаеше врз цените во текот на целата година, бидејќи членовите на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) плус го обновија поголемиот дел од своето производство. Производителите надвор од групата, особено во Соединетите Американски Држави, исто така продолжија да го зголемуваат производството.
Во исто време, економските податоци од Кина укажуваат на континуирана слабост во втората по големина економија во светот, намалувајќи ги изгледите за раст на побарувачката, објави Танјуг. Од друга страна, понудата би можела да падне поради можноста за воена акција на САД во Венецуела, еден од најголемите производители во светот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
4час
-
5час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


