Цената на влезниците е 150 денари за куп мечевите во Кавадарци
Во периодот од 13 до 15 мај 2022 година во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одржи финалниот турнир од ракометниот Куп на Македонија 2022 во машка и женска конкуренција.
Препорачано
Денеска ракометниот клуб Тиквеш од Кавадарци ја информираша јавноста цената на дневните влезници за сите натпревари.
Од утре (петок), 13 мај, од 12.00 часот на билетара во с.с. Јасмин, Кавадарци ќе бидат пуштени дневните влезници за сите натпревари. Дневната влезница е по цена од 150 денари.
Се надеваме на успешен Ракометен куп на Македонија 2022 година, одигран со спортски дух и убава атмосфера. Нека победат подобрите – информира ГРК Тиквеш 2014 на својата официјална фејсбук страница.
Куп на Македонија 2022
Полуфинале, мажи
13 мај
(17.00 часот) Е. Пелистер 2 – Вардар 1961
(20.00 часот) Бутел Скопје – Е. Пелистер
Финале
15 мај (19.30 часот)
Полуфинале, жени
14 мај
(14.00 часот) ЖРК Куманово – ЖРК Металург
(17.00 часот) ЖРК Ѓорче Петров – ЖРК Чаир
Финале
15 мај (17.00 часот)
Пред финалните куп мечеви кај мажите и жените, од 14.00 часот ќе се игра ревијален натпревар во чест на Марко Божиновски, меѓу кадетската репрезентација и РК Бутел кадети.


