Бутел Скопје елиминиран, Алпла Хард ќе игра во групите на Лига Европа

Бутел Скопје не успеа да испише историја во Лигата на Европа/фото: Принтскрин/RK Butel Skopje

Алпла Хард е екипата која ќе настапува во групната фаза на Лига Европа, откако и на реваншот од второто квалификациско коло триумфираше против Бутел Скопје со 21:25.

На првиот дуел во Австрија противникот славеше со 21:26, а играчите на македонскиот ракометен клуб беа свесни дека негативата не е мала, но и веруваа дека истата не е недостижна.

На возвратниот дуел во СЦ „Борис Трајковски“ составот на Кристијан Грчевски во ниту еден момент немаа предност. Гостите уште од почетокот стекнаа позитива (0:3), намали нашиот претставник на 2:3 со головите на Николов и Јевтиќ. Се доближи уште еднаш Бутел на „минус еден“ со голот на Јевтиќ во 11 минута, а Австријците при водство од 4:6 направија нова серија на погодоци за 4:9 во 25 минута преку Шабл. На паузата противниците заминаа со позитива од „плус седум (5:12) и тука веќе се најавуваше дека Алпла Хард оди сигурно на нова победа во овој двомеч.

Алпла Хард во понатамошниот период ја одржуваше предноста од седум голови разлика, во 42 минута Стојановиќ стрелаше и за убедливи 10:18. Домашниот состав до крајот на средбата успеа само да намали половина од негативата. Мирко Мајиќ беше најефикасен кај Бутел Скопје со шест голови, а на спротивната страна Лука Рашле запиша четири погодоци.

Потсетување дека во првото квалификациско коло на ЛЕ, екипата на Алпла Хард елиминираше уште еден македонски претставник со две победи над Еурофарм Пелистер 2 (21:24, 24:27).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот