Бугарско МНР/фото: МВнР

Бугарското МНР очекува ефикасна истрага за инциденотот помеѓу ФК „Шкупи“ и ПФК „Левски“

Бугарија вечерва соопшти дека остро ги осудува инцидентите од 27 јули 2023 година во Скопје, во кои беа повредени бугарски државјани, навивачи на ПФК „Левски“, а еден од нив беше тешко повреден, соопшти Министерството за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека повредениот бугарски државјанин во моментов е во стабилна, но тешка општа состојба и се опоравува по операција во болница во Скопје. Претставници на бугарската амбасада се во постојан контакт со повредениот и неговите блиски, како и со локалните здравствени власти.

-Изразуваме жалење што позитивниот и спортски дух на натпреварот помеѓу ПФК „Левски“ и ФК „Шкупи“ беше нарушен со акти на агресија надвор од фудбалскиот терен. Очекуваме надлежните органи во Република Северна Македонија да ги преземат неопходните дејства за ефикасна истрага и спроведување на правдата во врска со сериозниот инцидент, посочуваат од бугарското Министерство за надворешни работи.

Од таму уште еднаш ја нагласуваат, како што се посочува, „клучната важност од преземање ефективни мерки за спречување на вакви акти на агресија и гарантирање на безбедноста на сите граѓани“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот