Бугарите натрупале рекордни 4,4 милијарди евра брзи заеми

Фото архива

Инфлацијата е една од причините за порастот на брзите кредити, а 2022 година заврши со бум на брзи кредити. Заклучно со 31 декември нивниот обем достигна рекордни 4,42 милијарди лева. Зголемувањето е 725 милиони лева годишно.

Експертите коментираат дека брзиот раст на овој вид кредити (наречени брзи затоа што се доделуваат речиси без формалности, далеку полесно од банкарското финансирање) во голема мера се должи на високата инфлација.

„Неможноста Бугарите да ги покријат своите месечни трошоци е една од главните причини за растот на брзите кредити“, коментира Пејо Мајорски, претседател на Здружението за заштита на потрошувачите за „Сегабг њус“.

„Голем број луѓе успеваат да си го платат долгот навреме, а други не. А кај брзите заеми, казнената камата е огромна, сумата брзо отекува, нејзината наплата се префрла на инкасатор. Временскиот период за префрлување кон инкасаторите постојано се скратува“, објаснува Мајорски.

„Брзите кредити се убави и брзо се враќаат. Практиката докажува дека по третиот влегувате во спирала на долгови“, тврди финансискиот експерт Иво Димитров. Посебен феномен е т.н „сериски должник“ кој зема заем по заем, обраќајќи се кон различни фирми за брзи кредити. Минатото лето кредитните брокери раскажуваа за неверојатни случаи во кои едно лице успеало да добие 29 кредити, а друго – 24.

Должникот со рекордни 29 брзи кредити добил вкупно само 30.000 лева – му биле одобрени релативно мали суми. Во третиот квартал од минатата година, БНБ забележа скок на нефункционалните брзи кредити – за 23% во однос на истиот период во 2021.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот