Бугарија трага по шест руски шпиони обвинети за тероризам

Бугарија и Русија / Фото: Daniren / Alamy / Alamy / Profimedia

Бугарското обвинителство објави дека издало европска потерница за шестмина руски шпиони кои се осомничени за терористички напади насочени кон бугарските фабрики и магацини за оружје.

Потерниците се издадени 13 години по првата експлозија во фабриката за оружје на приватната компанија ЕМКО кај селото Ловнидол, што се случила во 2011 година. Потоа била детонирана значителна количина муниција наменета за извоз во Грузија, пишува ЕУарктив.

„Истрагата утврди дека Бугарија ја посетиле шест руски државјани кои користеле лажни идентитети. Тие беа вклучени во минирање на производство на комерцијална компанија за производство на оружје“, информираат од бугарското обвинителство.

Налозите за апсење што ги побара обвинителството се одобрени од бугарскиот суд, кој тврди дека против шестмината Руси се собрани „многу докази“ за соучесништво во експлозиите.

Имињата на шестмината Руси не се споменати. Според неофицијалните информации на Еурактив, на местото на повеќето разнесени фабрики и магацини биле пронајдени остатоци од експлозивни направи од руско производство.

Бугарската воена индустрија произведува големи количини мало оружје и муниција според советски стандард, кои се извезуваат во Грузија, Украина и други воени зони. Бугарскиот извоз на оружје, исто така, забележа значителен пораст по почетокот на немирите во Сирија.

Последните експлозии во бугарски магацин за оружје се случија на 25 јуни 2023 година. Целта повторно беше бугарската компанија за оружје ЕМКО. Во 2022 година повторно се случија експлозии во истите магацини во сопственост на еден од најпознатите бугарски производители и трговци со оружје – Емилијан Гебрев, а податоците тогаш покажаа дека тие се резултат на саботажа.

Пред осум години имаше обид за атентат на Гебрев со супстанца слична на Новичок, за што бугарското обвинителство обвини агенти на руската воена разузнавачка служба. Компанијата ЕМКО била поврзана со извоз на оружје во Украина и Грузија, што ги објаснува диверзантските акции на руското воено разузнавање.

Бугарија е еден од најголемите производители на муниција по советски стандард, со извоз на оружје во Украина во вредност од над 2 милијарди долари во изминатата година и половина.

Бугарското обвинителство истражува вкупно пет од деветте експлозии во бугарските фабрики и магацини за оружје што се случија во последните 13 години. Три од нив се наменети за производство на приватната компанија ЕМКО, а другите две против државните фабрики за оружје во градовите Сопот и Казанлак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот