Бучковски: Борисов го поддржа францускиот предлог и покажа лидерство и пријателство кон Македонија

Фото: принсткрин

Бојко Борисов денеска демонстрираше лидерство и пријателство кон Македонија, смета поранешниот македонски премиер и поранешен специјален претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски по повод одлуката на Борисов неговата партија во Бугарското собрание да предложи усвојување на нацрт-преговаарачката рамка за членство на С. Македонија во ЕУ.

„Изјавата на Бојко Борисов е лидерски потег што ќе ја врати довербата во бугарско-македонското пријателство. Со вакви декларации ја враќаме довербата меѓу нас“, изјавил Бучковски во изјава за „БГНЕС“.

Борисов денеска ги повика пратениците на ГЕРБ да го поддржат францускиот предлог за почеток на преговори на С. Македонија со ЕУ.

Борисов во исто време го нарече Кирил Петков, на чија влада парламентот денеска ѝ изгласа недоверба, „кукавица и лажго кој се крие зад Народното собрание и нема храброст да преземе политичка одговорност“.

„Се што е добро во Бугарија доаѓа од ЕУ. Во моментов ЕУ и НАТО сакаат проширување со Западен Балкан. ГЕРБ го започна овој процес и ние ќе го завршиме“, рече Борисов од седиштето на партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот