Брука | Навивачите во шок: Организаторот на Мастерсот во Париз не знае од која држава е Новак Ѓоковиќ

На Новак Ѓоковиќ досега не му случило организаторот на Мастерсот каде тој е најуспешен не ги знае основните податоци од неговата биографија/ фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Новак Ѓоковиќ денеска дозна дека негов противник во четвртфиналето на Мастерсот во Париз му е Тејлор Фринц, но исто така дозна дека организаторот не знае од која земја е најдобриот тенисер на светот.

Новак Ѓоковиќ од 2011 година доминира на тениските терени низ целиот свет, денеска сигурно беше изненаден кога виде дека организаторот на Мастерсот каде тој е најуспешен не ги знае основните податоци од неговата биографија.

Ѓоковиќ има дури пет триумфи во Париз, а има е еден пораз во финалето, но организаторот го претстави Новак како руски тенисер?

Имено, на официјалниот профил Мастерсот во Париз на Твитер, беа објавени двојките за четвртфиналето.  Хуберт Хуркач покрај своето име го има полското знаме, Џејмс Дакворт австралиското, до името на Тејлор Фриц стои знамето на САД, додека до името на Ѓоковиќ има руско знаме.

Интересно е што организаторот не ја исправи грешката ниту по реакцијата на фановите кои во неверица пишуваа „О Господе, Ѓоковиќ е од Русија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот