Брнабиќ: Членството во ЕУ е стратешка цел, важен сигнал за другите земји на Балканот

epa-efe
Ана Брнабиќ /Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

 Членството во Европската унија е стратешка цел на Србија, изјави премиерката Ана Брнабиќ на онлајн самитот под назив „Нејзината моќ” во организација од магазинот „Форин полиси” и посочи дека е важно и другите земји од регионот да постигнат напредок во европскиот пат.

Ана Брнабиќ истакна дека за стабилноста на регионот, од големо значење е Европската унија (ЕУ) да даде позитивен сигнал и за другите земји од Западен Балкан, особено за Северна Македонија и Албанија.

„Тоа е важно за стабилноста, интеграцијата на Западен Балкан е во интерес на ЕУ, на земјите од регионот, на сите нас“, посочи Брнабиќ, пренесува РТС.

Препознаен напредок на Србија

Коментирајќи го последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Србија во евроинтеграциите, Брнабиќ изјави дека е препознаен напредокот на Србија во сите области.

„По неколку години Србија има толку позитивен извештај и препорака од Европската комисија за отворање два кластера“, кажа Брнабиќ, додавајќи дека сега работат со секоја земја-членка поединечно бидејќи од нив зависи дали тие два кластера ќе бидат отворени на Меѓувладината конференција.

Брнабиќ истакна дека Србија продолжува со реформите, не само поради евроинтеграциите, туку и поради напредокот на целото општество во Србија.

Ескобар: Политичарите на Балканот треба да се занимаваат со иднината, а не со минатото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот