Ана Брнабиќ / Фото: EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Брнабиќ: Србија ќе биде една од првите земји кои ќе добијат вакцини

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска дека првите вакцини против коронавирусот ќе бидат доставени во Србија пред крајот на годината, односно дека Србија сепак ќе биде една од првите земји што ќе добие вакцини, јави дописникот на МИА од Белград.

Брнабиќ по посетата на работите на Моравскиот коридор, рече дека нејзината неодамнешна изјава за вакцините не е добро протолкувана во медиумите, односно дека кажала дека само една компанија има наведено дека Србија може да добие вакцини дури во декември 2021 година.

– Разговараме со сите компании … Србија не е земја како што беше порано, туку земја што денес има политичка сила и кредибилитет. Таа вакцина навистина ќе ја имаме во декември оваа година, порача српската премиерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот