Британската централна банка привремено ќе ја финансира Владата

Британската Влада обично се задолжува директно на пазарите, со емисија на обврзници.

Британската Централна банка денеска соопшти дека се согласила привремено да го финансира задолжувањето на Владата во борбата против коронавирусот доколку парите не можат во кус период да се набават на пазарот на долгови.

Со тоа Централната банка повторно посегна по мерките со кое се служеше за време на финансиската криза во 2008 година.

Британската Влада обично се задолжува директно на пазарите, со емисија на обврзници. Неделава трговците покажаа голем интерес за купување повеќе од 10 милијарди фунти, иако некои од нив носат рекордно ниски приноси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот