Брестовац: Не сум задоволен од пласманот, а навредите се бидејќи не играат татини синови

Македонската репрезентација на Македонија до 19 години го заврши настапот на Светското првенство на 13. позиција, по што селекторот Данило Брестовац, одлучи да даде свое видување за игрите и настапот на Мундијалот.

Селекторот се најде на удар на дел од ракометните стручњаци по поразот во осминафиналето од Португалија, а откако го заврши настапот на Мундијалот, одлучи да одговори на прозивките.

– Ме напаѓа еден поранешен ракометар затоа што син му не го викам во репрезентација. Неговиот син е на поширокиот список, но сметам дека не е сега за во тим. Тој може да ме напаѓа мене и да ми вели да го земам, ама ако не е подобар од друг на таа позиција како да го земам. Има и други што се лутат, ме напаѓаат и ме навредуваат.

Прочитајте и...  Милан славеше над Парма, само бод за Елмас и Наполи! (ВИДЕО)

Нека ме навредуваат, но тука никој не игра со врски, ракометарите доаѓаат од различни градови, од Ресен има тројца, од Струга има тројца, од Струмица, имаме и од други градови… Не заслужуваат да реплицирам на пораките и на сите работи што ги добивам на интернет. Тоа не е мој стил.

Пет години сум бил помошник кај Лино Червар, работев со Ивица Обрван во Шамбери. Со светски и европски прваци, со медалисти. Сум работел со капитени на Франција, секој тренинг ми го гледале и сега, мене некој што не излегол од Македонија ќе ми вели дека не го знам ракометот? Две години се мачам, од академии да направиме ракометари, па ме навредуваат. Две години не сум бил на одмор, се „печеме“ сите на 40 степени, за сега да дојде некој и да ми каже дај оставка“ – одговара Брестовац.

Прочитајте и...  Јокиќ го победи коронавирусот и почна со тренинзи во Орландо (ВИДЕО)

Селекторот во својата анализа за настапите на неговите избраници, изјави дека не е задоволен.

– Не сум задоволен од турнирот, знам дека можеме подобро. Целта ни беше осминафинале, а желбата беше пласман во четвртфинале. Против европските селекции и денеска против Аргентина одигравме добро, но не сум задоволен од останатите настапи.

Ни недостасуваше борбеноста, можеби немаше ниту вистинска хемија во тимот. Ракометарите посакуваа, имаа желба за подобар пласман и игри, но имаа некоја ментална блокада. Сепак, мислам ова 13. место е реален одраз за тоа каде се наоѓаме – вели Брестовац.

Прочитај повеќе

Бах: Не сакаме Олимписки игри без навивачи

Слободен печат

Димитријевиќ со најубавата тројка за Хувентуд во шпанската „Ендеса“! (ВИДЕО)

Слободен печат

Јагуриновски и Јотиќ од следната сезона во Вардар 1961

Слободен печат

Јокиќ го победи коронавирусот и почна со тренинзи во Орландо (ВИДЕО)

Слободен печат

ПСЖ најде начин да го убеди Мбапе да остане, цехот ќе го плати Нејмар

Слободен печат

Гвардиола и Сити и ја крадат најголемата желба на Барселона

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Нова лудорија на Марадона, со ѕвер од 200.000 евра влезе на фудбалски терен (ВИДЕО)

Слободен печат

Михајловиќ и Гатузо, фотографија која ја воодушени Италија

Слободен печат

Серхио Рамос ги збудале жените, има подобро тело од Роналдо (ФОТО)

Слободен печат

ПАДНА ДОГОВОР: Челси уште сега е победник на преодниот рок, Хаверц доаѓа на „Стемфорд бриџ“

Слободен печат

Откако ја победи УЕФА, Гвардиола влезе во војна на зборови и о првиот човек на Ла Лига

Слободен печат

Сега и Кувајтските петро-долари влегуваат во фудбалот, на мета италијански гигант

Слободен печат