Брестовац има нов тренерски ангажман во Саудиска Арабија

Фото: EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany/POOL

Данило Брестовац, екс селекторот на македонската машка сениорска ракометна репрезентација има нов тренерски ангажман.

Ракометниот клуб Ал Мудхар кој настапува во шампионатот на Саудиска Арабо го промовираа Брестовац како нивни нов тренер.

Претходно Брестовац ги водеше скопски Металург, Ред Бојс Диферданж од Луксембург, а беше дел и од стручниот штаб на францускиот клуб Шамбери.

Пред да добие отказ годинава на Мундијалот во Египет со нашата селекција го освои 23 место од вкупно 32 учесници.

На селекторската позиција беше заменет од Кирил Лазаров кој ја одведе репрезентацијата на следното Европско првенство кое ќе се одржи во 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот