Браќата Стојановски и Андоноски остануваат под договор со МЗТ Скопје Аеродром

фото: kfsm.mk

Претставувањето на тимот со кој ќе настапува МЗТ Скопје во новата сезона го почнува со кошаркарите за кои и немаше дилеми дека ќе го носат дресот на клубот од Аеродром на патот кон одбраната на двојната круна на домашна сцена, како и што подобриот пласман во АБА2 лигата, каде што ќе брка враќање во јадранската елита.

МЗТ и во следните 365 дена во составот повторно ќе го има капитенот Дамјан Стојановски, заштитниот знак и една од најголемите клупски легенди во историјата, кој ќе ја одработи втората година од договорот потпишан минатото лето.

Крај него ќе биде уште една легенда на макбаскетот, неговиот брат-близнак, Војдан Стојановски, кој исто така има уште една сезона за играње во „сино-белиот“ дрес.

Договорна обврска со клубот од претходно, барем од делот на сениорскиот ростер, има и Андреј Андоноски, чиј талент е неоспорен, кој блесна во финишот од минатата сезона и од кого се очекува уште повеќе во иднина.

Во текот на вчерашниот ден МЗТ објави дека и следната сезона тренер ќе биде Васко Атанасов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот