Браќата Дејан и Аљоша Недеви со бронзен медал во Бразил

фото:фејсбук

Браќата Дејан и Аљоша Недеви кои се освојувачи на голем број медали од европските и светските првенства и купови во традиционално карате, се закитија со нови одличја.

Тие го освоија третото место во дисциплината „ен-бу“ на ИТКФ шампионатот во Бразил кој се одржа во изминатите три дена. Во дисциплината „фукуго“ Дејан Недев го освои четвртото место.

На СП каде што учествуваа 32 земји со над 400 натпреварувачи, што е рекорден број на учесници од сите континенти на светот.

Македонија воедно ја претставуваше и селекторот Венцислав Недев кој покрај другото беше и судија на овој шампионат.

Пред самите натпревари се одржа и голем карате семинар со светските ИТКФ карате легенди и повеќекратни светски шампионат меѓу кои и Д. Недев заедно со Рикардо Луис Буци (Бразил), Хусто Гомез (Аргентина) и Мусат Корнел (Романија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот