Божиновска го освои 10 место на Балканското атлетско првенство во Краљево

Атлетичарките Османовска и Божиновска со тренерот Кајчевски на Балканското младинско првенство

Вчера во Краљево, Србија се одржа Балканското атлетско првенство за млади младинци. Ана Божиновска и Сара Османовска ја претставуваа Македонија на Балканското атлетско првенство предводени од селекторот Кристијан Кајчевски.

Божиновска од АК Центар учествуваше на трката на 400 метри. Во конкуренција на 12 атлетичарки го освои 10 место, трката ја заврши со време од 1:01.55 минути.

Словенката Каролина Збичајник беше првопласирана со време од 55.78 секунди пред Милиќ од Хрватска и Полак од Србија.

Сара Османовска од АК 7 Мај се натпреваруваше во скок во далечина. Нашата натпреварувачка оствари скок од 4,64 метри и го освои 15 место.

На првата позиција се надје Бугарката Пламена Миткова со скок од 6,29 метри.

Видео на денот