Божиќната порака на Кралицата Елизабета ја следеле преку девет милиони луѓе

Елизабета/Instagram
Елизабета/Instagram

Во традиционалното божиќно обраќање на кралицата Елизабета Втора во која таа со емоции зборуваше за својот покоен сопруг и сочувствуваше со семејствата на кои им недостасуваат најблиските, кралицата успеа да „освои“ преку 8,96 милиони гледачи на емисијата во Велика Британија.

Како што пренесува „Би-би-си“, публика од 8,96 милиони луѓе го гледале празничното обраќање што се емитуваше на „Би-би-си уан“, „Ај-ти-ви“ и „Скај њус“ според рејтинзите во текот на ноќта.

Специјалното издание на „Би-би-си“  Strictly Come Dancing Christmas Special и Call the Midwife биле следните две најгледани емисии таа ноќ.

Во трката за најдобра сапуница Coronation Street на „Ај-ти-ви“ се најде на врвот.

Во својата прва годишна божиќна порака по смртта на принцот Филип, кралицата (95) искрено го пренесе своето сочувство кон јавноста и сите кои се соочуваат со личните загуби за време на празниците.

„Божиќ може да биде тежок за оние кои ги загубиле своите сакани – оваа година особено разбирам зошто“, рече таа во претходно снименото 10-минутно обраќање емитувано во 15:00 часот по Гринич.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот