Борусија Дортмунд го претстави наследникот на Халанд

Карим Адејеми потпиша договор со Дортмунд до 2027 година/Фото: EPA-EFE/Philipp Guelland

Поранешниот фудбалер на Салцбург, Карим Адејеми е нов играч на Борусија Дортмунд. Тој пристигнува како замена за Ерлинг Халанд кој денеска го засили Манчестер Сити.

Адејеми потпиша за 30 милиони евра, а уште 2,5 како бонуси во договорот.

– По Никлас Зиле и Ник Шлотербек, добивме уште едно возбудливо засилување. Тој е момче кое има голема почит кон овој клуб, срцето уште од мали нозе му чука во „црно-жолтите“ бои, а одби неколку силни понуди само да заигра за Борусија Дортмунд – рече спортскиот директор на Борусија, Себастијан Кел.

Адејеми има договор до 2027 година со „милионерите“. Во дресот на Салцбург оваа сезона на 42 натпревари постигна 23 гола и запиша осум асистенции.

Своевремено беше дете на Баерн, што на почетокот имаше посебно значење за него бидејќи е роден во Минхен, но не остана долго во тој дрес. Во Унтерахинг се пресели на 10 години, бидејќи неговите родители не се договорија со Баерн за условите за соработка.

Официјално: Халанд е нов фудбалер на Манчестер сити

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот