Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Стоилов помошник тренер

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

На денешната прес конференција која ја одржа ракометниот клуб Вардар 1961 во СЦ „Јане Сандански“, претседателот Михајло Михајловски пред медиумите објави дека нов извршен директор на клубот е нашиот легендарен голман Борко Ристовски.

А воедно една од иконите на „црвено-црните“ поранешниот репрезентативен пивот Стојанче Стоилов ќе биде помошник тренер, односно ќе му помага на Владо Недановски.

Стоилов воедно ќе биде координатор на младинските категории во клубот, од пионери до младинци, а исто така Михајловски изјави дека директорот на „Неуромедика“, Емил Угриновски ќе биде претседател на неизвршните директори.

Михајловски се повлекува од клубот, но ќе остане да помага во советодавна функција.

– Долг период бев во Вардар, од две причини дојдов по големите успеси со Сергеј Самсоненко. Се нафатив да го спасувам клубот од љубов, Вардар го чувствувам како европски бренд. Добивме ветувања дека ќе добиеме помош од многу страни. Имав ветувања дека ќе ја добиеме помошта од многу страни, но тоа не се случи. Јас пак најдов оправдување, корона-кризата, а потоа и енергетската придонесоа за падот на финансиски план. Лани најавив мое повлекување, но без да најдам прав спонзор. Мислам дека го пронајдов тимот, добри спонзори и склоп на директори кои верувам дека ќе го вратат на клубот на вистинскиот пат, се остава во сигурни раце – изјави Михајловски на прес-конференцијата.

Ристовски: Да го стабилизираме РК Вардар оваа сезона, како на финансиски, така и на играчки кадар

ИНТЕРВЈУ Борко Ристовски: На Вардар местото му е во ЛШ, не сум во политиката туку во спортот кој е дел од политиката

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот