ИНТЕРВЈУ Борко Ристовски: На Вардар местото му е во ЛШ, не сум во политиката туку во спортот кој е дел од политиката

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Голманот на „црвено-црните“ зборува и за новиот тренер Веселин Вујовиќ, за репрезентацијата, за политиката….

Ракометарите на Вардар 1961 неделава в четврток ќе ги започнат подготовките за новата сезона во која ја очекуват настапи на четири фронта, во домашните првенство и куп, СЕХА лигата и  во Лигата на шампионите. Но, учеството во ЛШ е условено со плаќање на депозит во висина од милион евра поради долговите кои ги остави претходната управа предводена од Сергеј Самсоненко.

Еден од главните адути на Вардар ќе биде Борко Ристовски кој за „Слободен печат“ зборува за очекувањата во новата сезона, за неизвесноса со настапот во ЛШ, но и за отсуството од репрезентацијата како и за неговиот влез во политиката.

Прва и неизбежна тема е одлуката на ЕХФ, Вардар да депонира милион евра доколку сака да учествува во новата сезона во Лигата на шампионите. Првата рата мора да се депонира до утре, додека втората најдоцна до 27 јули.
Не дека се загрозува учествотвото во ЛШ на Вардар, туку одлуката на ЕХФ ја компликува целата ситуација околу подготовките бидејќи колку и да не е правно издржано сето тоа бидејќи Вардар 1861 е друг субјект и затоа сметам дека побанрувањата немаат основа. Меѓутоа, тоа е европска ќука на ракометот и секоја нејзина одлука мора да се почитува и да се биде претпазлив во најмала рака и да се знае дека не е играчка. Може да видиме дека Металург се откажа од настап во Европа,  така што не треба да се потцени овој притисок, иако Вардар според мене е прегоем залак за да може туку така да се тргнер од ЛШ и од настап во Европа. Но, тоа генерално го компликува стартот на подготовките како и носењето на нови ракометари, сите потписи со евентуалните засилувања се ставени на пауза и се чека разрешницата со ЕХФ. Повторно ќе повторам, не очекувам да се случи нешто сериозно, освен предупредување меѓутоа тука треба да се биде претпазлив  – смета Ристовски.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Вардар во минатата сезона ја освои двојната круна во во Македонија, но потврфрли со настапот во ЛШ каде беше елимниниран од Веспрем во осминафиналето во кое влегоа сите екипи кои учествуваа во групната фаза.
–  Мислам дека минатата сезона имавме помали киксеви како бодот против Порто. Пик Сегед, готовата победа против Брест и Порто на гости како и ремито со Елверум и сметам дека тие натпревари мораше да ги добиеме. Докиолку победевме на тие, ќе имаше сосема поинаква слика и сезона, ќе бевме подобропласирани во ЛШ и ќе имавме полесен противник и ќе влезевме во топ 8 фазата. Меѓутоа кога ќе се собере и одземе, короната, паузите, нетренирањето, новата екипа, преземањето на претседателот Михајловски на тимот кога беше на работ на бездната, резултатите можеби можеа да бидат поинакви. Целата ситуација налагаше да склопот на играчите, на екипата да биде таков каков што беше, недоволен број на ракометари во ротација, неискуство кај одреден дел ракометари, и тоа е реална слика во овие моменти што се случува. Сега е поинаква сликата, се носат играчи кои значат нешто во европскиот ракомет, има тенденција да се донесат уште засилувања и да одиме чекор по чекор за да го вратиме Вардар таму каде што заслужува да биде, тоа е на врвот – смета Ристовски кој вели дека Вардар со повторното преземање на клубот од страна на Михајло Михајловски по заминувањњето на Сергеј Самнсоненко повторно треба да тргне од почеток.

На ракометниот можеше исто да му се случи истото тоа што се случи со фудбалскиот тим на Вардар бидејќи немаше играчи, мораше да се средат документите, требаше правно да се реши ситуацијата со Сергеј кој не беше расположен да го даде клубот така лесно како што јавноста мисли. Сега ова е нов Вардар кој треба да тргне од нула и не смееме да се споредуваме со минатиот Вардар кој колку беше успешен на спортски план, толку беше неуспешен финансиски проект но и за иднината на македонскиот ракомет. Тие две работи треба да ги раздвоиме, не може јавноста да очекува дека ние ќе најдеме нов Сергеј Самсоненко кој ќе ветува мултимилиоонски буџет, а потоа кој нема да го исплаќа. Ние ќе одиме чекор по чекор и ќе градиме нов Вардар кој на средни стази ќе биде успешна приказна, потребно е да се најде  стабилен спонзор кој ќе му помага на Михајловски. Вардар заслужува и мора да биде успешен проект. Се надевам дека оваа сезона ќе има нов раст на резултатите на Вардар и по две години ќе бидеме уште поуспешни.

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во новата сезона екипата ќе ја предводи добро познато име, миленикот на навивачите, Веселин Вујовиќ, што е гаранците за интересна сезона.
– Мислам дека иако ја освоивме двојната круна со Стевче Алушовски, резултатски не ги исполнивме целите во Европа кои иако не се целосно негова вина, тој мора да сноси дел од вината како и да биде награден кога ќе треба. Тоа е факт и правило во спортот и мислам дека тоа ќе го прифати без лоша крв во него. Сега повторно дојде Вујо кој е добро познат на македонската јавност. Оттогаш поминаа многу работи, Вардар порасна, многу еволуираше, се надевам и верувам дека и Вујо созреа во некои работи. Можам да кажам дека се радувам на интересна сезона. Не знам каква ќе биде на спортски план, но ќе биде интересна за гледање и секојдневно уживање и комуникација со него. Лично имам добра комуникавија како што било и во минатото, нема   да се случи некој поголем инцидент. Тој е повозрасеи исто и јас и верувам дека недоразбирањата со Стојанче ќе бидат надминати и ќе имаме една мирна и интересна сезона за гледање – вели Ристовски кој од Вујовиќ очекува да донесе некои работи кои му се неопходни на клубот.

Вујо може да донесе дисциплина. Во минатата сеозна немаше некоја голема дисвиплина во играта на екипата, од повеќето играчи немаше некој изразен респект кон трененрот. Не знам по чија вина беше тоа, но исто така тоа е и факт. Затоа мислам дека Вујо ќе донесе дисциплина и еден респект кој играчите ќе го имаат кон него. Другото е тактиката, да видиме каде можеме да се надградиме со нови размислувања во спортот и ракометот, со нови гледишта на играта, на нова тактика.

Вардар во новата сезона се очекува битката за трофеите да ги води со Еурофарм Пелистер, додека поранешниот голем ривал Металург сега не е конкурент за трофеите.
Мислам дерка генерално сè уште немаме големи ривали. Металург нешто се обидува но сето тоа е недоволно сериозно бидејќи купувате 10 играчи, а на полусезона ви заминуваат осум. Потоа наредната сезона претседателот најавува бомбастично враќање на Металург, потпишувате играчи и по седум дена не пријавувате екипа во Европа. Мислам дека на Металург му недостасува сериозна реорганизација пред се на организациски план, не ги познавам луѓето во управата, но гледано од страна може да се види голема несериозност. Не може да потпишете десет ракометари и по шест месеци да ви заминат осум ракометарти, не може да не им дадете плати на своите играчи. Треба да се пушти ногата колку што е чергата. Несериозно за спортот и ракометот изгледаат најавите за големи проекти, а потоа да си замиуваат играчите. Не верувам дека Металург може да ни биде сериозен противник и оваа сезона. Од друга страна Еурофарм Пелистер  делува далеку посериозно, имаат посериозен спонзор кој стои цврсто зад нив. Имаат сериозен буџет со кој носат доста квалитени играчи но мислам дека се уште се далеку од едно големо ривалство со Вардар. Изминатата сезона релативно лесно ја освоивме титулата во првенството, па дури и Купот меѓутоа добро е за ракометот да има екипи како Е. Пелистер. Се надевам дека и Металург ќе созрее и ќе се направат тие промени и ќе бидат екипа за почит. Тоа е генерално добро за ракометот бидејќи кога има ривалство помеѓу повеќе екипи се создава квалитет, се создаваат македонски играчи, спортот расте, ракометот расте, имаме повеќе публика и навивачи.

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Ристовски е неизоставен дел од сите успеси на македонската репрезентација, беше дел од јуниорската репрезентација која го освои четвртото место на ЕП, а потоа беше и во репрезентацијата на сите големи натпреварувања, се до Мундијалот во Египет.
Голманот на Вардар вели дека официјално не се повлекол од репрезентацијата, но….
Не можам официјално да кажам дали завршив со репрезентацијата или не, има работи кои останаа недоискажани. Не сум расчистил ниту сам со себе. Но јас можам да зборувам само за сбее. Дали ќе завршам времето ќе покаже. Верувам дека во блиска иднина и на среден рок ќе бидат кажани тие работи. Јас сум човек кој кажува директно, но исто така сум човек кој созреа и бира моменти  кога да ги каже тие работи. Сега можам само да кажам дека сум убеден и сигурен дека кога ќе дојде моменто, се ќе биде објаснето. Сега репрезентацијата и играчите имаат максимална поддршка од мене.

via epa/Ali Haider

Ристовски во изминатиот период а активен и во политиката, во неа влезе како советник за спорт на претседателот на ВМРО ДПНМЕ, Христијан Мицковски и тоа пред последните парламентарни избори. Голманот на Вардар не го интересираат политички функции, а активноста во политиката ја објаснува со желбата да се помогне на спортот во Македонија.

– Јас не сум во политиката, туку во спортот кој е дел од политиката. Разговаравме за некои политички функции кои не ме привлекуваат бидејќи не се гледам во политиката. Туку се гледам во дел од политичка партија, но во делот за спортот каде што можам да направам вистински и суштински промени и да помогнам. Ме испровоцираа доста неправди, доста работи кои луѓето кои што не се во спортот не ги гледаат, но инволвираните во спортот тоа го проиметуваат. Гледаме корупција на сите нивоа. Најпрост пример е ваучерот кој е убиец на спортот, гледаме дека се повеќе клубови се отвораат без никаква цел освен да го земаат тој ваучер за личен финансиски бенефит. Гледаме дека младинските школи се оставени на маргините во доста спортови, а генерално спортот нема иднина. Ние можеби сме спортска нација, но немаме иднина. Можеме меѓу себе да се лажеме, да се силиме дека имаме иднина, но реално немаме. Почнувајќи од ракометот, имаме доста квалитетни деца но системот е погрешен. Се се сведува на пари, на финансии и тоа не е добро за спортот. Тоа се малкуте причини кои ме натераа да се одлучам да влезам во политиката. Нема нешто што може да го добијам во политиката од тоа што тоа сум го направил за мојата држава, репрезентацијаз за спортот, да иматер 200 натпревари во националниот дрес. Политиката не може ништо да ми даде што не сум го доживеал емотивно, додека финансиски не барам ништо и тие се работите кои се мојот водич во животот. Сакам да бидам со моето семејство – вели Ристовски.

Видео на денот