Болт откри со кои тројца фудбалери би трчал штафета 4×100!

Фото: twitter.com/Sporf

Усеин Болт, светскиот атлетски рекордер на 100 и 200 метри во интервјуто за Светската фудбалска куќа (ФИФА) истакна дека сака да игра фудбал, но во неговите години постојат и други обврски.

Голема му беше желбата да биде еден ден и професионален фудбалер, но не успеа да изгради кариера.

Ќе настојува атлетичарот од Јамајка да настапува барем на пријателски и хуманитарни натпревари. Воедно најбрзиот човек на светот откри со кои тројца фудбалери би трчал штафета 4×100 метри во чија дисциплина исто така го држи светскиот рекорд.

Спринтерот од Јамајка смета дека најбрзи фудбалери има по еден од редовите на Јувентус, ПСЖ и Реал Мадрид.

Би сакал да трчам штафета 4×100 со Кристијано Роналдо, Килијан Мбапе и Герет Бејл – рече Болт за ФИФА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот