фото: X@thecricketgully

Болт најави враќање во олимпискиот спорт, но не како атлетичар: Ако ме повикаат, подготвен сум

Јамајканецот, кој пред да стане атлетичар играл крикет, би бил подготвен да ја претставува својата земја на ЛОИ 2028 во овој спорт

Осумкратниот олимписки шампион Јусеин Болт (39) е подготвен да се натпреварува на Олимписките игри Лос Анџелес 2028 година како дел од јамајканскиот крикет тим. Тој го објави ова во интервју за „Ескуајер“.

Легендарниот спринтер вели дека е задоволен од својот живот откако се повлече од спортот. Неговиот моментен фокус е на семејството, работата и добротворните организации.

Сепак, Болт би искористил можност за враќање во спортот, истакнувајќи дека долго време не играл крикет, но би бил подготвен доколку биде повикан.

– Долго време не сум играл крикет, но ако ме повикаат, ќе бидам подготвен – рече Болт.

Болт покажувал љубов кон крикетот уште од детството. Тој го играл овој спорт во училиште. Да не бил неговиот училишен тренер кој ја забележал неговата извонредна брзина и го насочил кон атлетиката, Болт ќе играл крикет.

Крикетот бил олимписки спорт последен пат во 1900 година во Париз, кога имало само два учесника, Велика Британија (шампион) и Франција. Овој спорт во 2028 година ќе се врати во олимпиското семејство по отсуство долго 128 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот