Боксерски спектакл во гладијаторски стил: Џошуа и Пулев ќе боксуваат во Арената во Пула?

фото: википедија

Менаџерот на бугарскиот боксер Кубрат Пулев изјави дека борбата за шампионската титула во тешка категорија против Ентони Џошуа може да биде одржана во Арената во Пула.

Џошуа против Пулев требаше да ги брани своите шампионски појаси во верзиите ИБФ, ВБА и ВБО на 20 јуни на стадионот на Тотенхем, но тој меч е откажан поради пандемијата на коронавирусот.

– Разговараме за Хрватска. Постои единствен римски театар – Арената во Пула – изјави Ивајло Гочев, менаџерот на Пулев коју протоа додаде дека мечот може да се одржи во август или септември.

фото: твитер

Тој верува дека борбата во Пула и во славата Арена која е изградена во времето на римската империја може да се одржи со присуство на навивачи.

– Оваа опција ни се допаѓа бидејќи е во Европа. Има можност да присуствуваат и навивачи доколку се почитуваат сите здравствни мерки и доколку стивне пандемијата на коронавирусот – додаде Гоцев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот