Бојкот на јапонски стоки и услуги во Јужна Кореја

Бензиски станици и автосервиси во Јужна Кореја откажуваат да даваат услуги на лица кои имаат јапонски автомобили како дел од се посилниот бојкот на јапонски стоки, предизвикан од трговски и политички тензии, објави „Гардијан”.

Погодени се и туристички патувања до Јапонија, јапонски пива… Се одржуваат и демонстрации пред јапонската Амбасада во Сеул, наведува весникот.

Антијапонските настроенија се засилија откако Токио објави на 1 јули дека ограничува извоз на материјали користени за производство на полупроводници за Јужна Кореја. Оттогаш двете држави взаемно се обвинуваат и критикуваат.

Минатата недела е регистриран пад на продажбата на јапонски пива за 40 отсто, резервациите за туристички патувања се намалени за 70 отсто. Сеул ги бојкотира и јапонските цртани филмови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот