Бојан Костов освои бронзен медал на Европско првенство во карате

Младиот и талентиран каратист, Бојан Костов кој се натпреварува во категоријата до 55 килограми, го освои бронзениот медал на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениор У21 кое се одржува во Будимпешта, Унгарија.

Костов во Будимпешта ја продолжи серијата на одлични резултати, откако претходно го освои сребрениот медал на ЕП во кадетска конкуренција и бронзен медал на СП во Чиле.

Костов во јуниорска конкуренција, оствари три победи на стартот, по што потоа беше поразен од Султан Хусеинов од Азербејџан, кој пак на крајот стана и европски шампион. Младиот каратист во репасажот оствари две победи, прво над Шпанецот Виктор Куерва Мора, а потоа и каратистот од Бугарија, Денислав Стојанов, со што дојде до бронзениот медал.

Стефан Стојановиќ во јуниорска конкуренција, во категоријата до 76 килограми го освои петтото место, додека кај јуниорките, Магдалена Божиновска беше седма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот