„Бледа“ Аргентина, Шпанија е новиот светски шампион! (ВИДЕО)

fiba.basketball

Во денешното финале на Мундобаскет 2019 во Кина, поточно во Пекинг фантастичната „фурија“ со убедлив резултат 95:75 ја совлада непрепознатливата аргентинска репрезентација. Претходно во борбата за третото место Франција славеше против селекцијата на Австралија.

Популарните „гаучоси“ остануваат на едно светско злато, освоено во далечната 1950 година, ова е нивно второ сребро, првото го освоија пред 17 години.


Далеку од едно интересно финале, Аргентинците целосно непрепознатливи особено нивниот најдобар поединец во текот на СП, Луис Скола.

На спротивната страна Шпанија немаше нерасположен играч, треба да се истакне одличната партија на Рики Рубио како еден од главните предводници на својата селекција до златото.

Рубио забележа 20 поени, седум скокови и три асистенции, следен од Серхио Љуљ (15 поени) и Марк Гасол (14 поени).

Кај поразените прв стрелец беше Габриел Дек со 24 поени, зад него Николас Лапровитола со 17 поени и Факундо Кампацо со 11 поени и осум асистенции.

Еве уште еден интересен податок, Марк Гасол е првиот играч после Ламар Одом (од 2010) што ја освојува НБА лигата со Торонто Репторс и светската титула со репрезентацијата во иста година.

-Рики Рубио МВП на Мундобаскет 2019-

После финалниот меч беа избрани најдобрите кошаркари на СП, поточно најдобрата „петорка“ и МВП (најкорисен играч на турнирот).

Во најдобрата „петорка“ се Еван Фурние (Франција), Богдан Богдановиќ (Србија), Рики Рубио (Шпанија), Луис Скола (Аргентина) и Марк Гасол (Шпанија).

За МВП беше прогласен Рубио кој во завршната средба беше одличен и на целиот шампионат имаше просек од 15,9 поени, 6,4 асистенции и 4,3 скокови по меч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот