Австралија „прокоцка“ +15: Втора бронза за Французите! (ВИДЕО)

fiba.basketball

Французите славеа победа во мечот за бронзениот медал со резултат 67:59 против селекцијата на Австралија.

Популарните „кенгури“ за првпат во својата историја се најдоа помеѓу најдобрите четири селекции на СП, беа многу блиску и до историски медал, но на крајот пропуштија голема шанса.

Од друга страна, за „триколорите“ ова е втор бронзен медал на светските шампионати, втор по ред, првиот го освоија на минатото СП пред пет години.

Австралија во средината на третата четвртина имаше дури +15 разлика на семафорот, но Франција направи целосен пресврт благодарение на расположениот Нандо Де Коло.

На овој дуел австралискиот бек Пети Милс запиша 15 поени (два помалку од Инглс), и така му овозможи на српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ да биде најдобар стрелец на годинешниот Мундобаскет.

Во победничките редови се истакна Де Коло со 19 поени, три помалку запиша Фурние (пет скокови).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот