Битолчанец објавил слика со оружје и му се заканувал на неименуван висок функционер

Фото: Илустрација

Во полициската станица Битола денеска бил извршен службен разговор со двајцата битолчани А.С. и Р.С. на возраст од 42 и 41 година, од кои едниот е осомничен дека, објавувајќи фотографија со оружје на социјалните мрежи, му се заканувал на висок функционер, чие име полицијата не го открива.

„А.С. се сомничи дека извршил кривично дело по 144 од Кривичниот законик, односно на социјална мрежа објавил слика со оружје и упатил закана кон висок функционер. Во разговорот, тој го признал делото и изјавил дека оружјето е на Р.С. Во полициска станица, од Р.С. биле одземени една ловечка пушка, ловечки карабин и дозвола за оружје“, се наведува во полициското соопштение.

Со настанот бил запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот