Битиќи: Цената на електричната енергија и од следната година ќе биде најниска во регионот

фатмир битиќи вицепремиер за економија
Фатмир Битиќи, вицепремиер за економија / Утрински брифинг

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи гарантира дека цената на електричната енергија по 1 јануари нема да се зголеми за толку колку што тврдат некои од медиумите и порачува дека и тогаш ќе биде најниска во регионот.

-Гарантирам дека во јануари цената нема да се покачи на ниво на кое одредени медиуми или, пак, поединци сакаат да го покажат за да креираат страв кај народот. Ние како што докажавме на 1 јули и на 1 јануари ќе докажеме дека цената ќе биде се уште најниска во целиот регион и ќе обезбедиме доволно електрична енергија за да продолжи да тече нормалниот живот онака како што треба, изјави Битиќи по отворањето на „Иновацискиот и бизнис форум Пеперутка”.

Посочи дека Владата се обидува да наоѓа системски решенија за електричната енергија.

-Сме кажале дека се залагаме за електрична енергија која е малку штетна за живото на граѓаните т.е. зелена енергија. Секако таа зелена енергија има повисока цена, но во овој момент тоа не е битно. Битно е дали имаме доволно електрична енергија заради целокупните движења. Затоа сме фокусирани на производство на електрична енергија и на цена која ќе биде достапна за нашите граѓани. Сметам дека било каква популистичка мерка како што е замрзнување на цената не е одржлива. Може да ја замрзнете за три месеци и потоа ќе мора да ја пуштите особено кога сте одлучиле да оперирате на либерализиран пазар што е одлука која е стратешка и долгорочна, рече Битиќи во одговор на прашањето дали Владата размислува да ги замрзне цените на електричната енергија и на парното греење за да спречи ценовен шок.

Како Влада, посочи, будно ги следиме состојбите од јуни 2021 година кога почна движењата на енергетската берза.

-Направивме тогаш еден таков чекор со намалувањето на ДДВ-то за струјата токму за да нема удар кон граѓаните и одредивме цена кон ЕВН, како дистрибутер на електрична енергија до домаќинствата и до малите потрошувачи, која речиси беше субвенционирана. Вториот чекор го направивме со интервенцијата во ЕСМ пред еден месец со обезбедување преку 65 милиони евра. Од јануари ќе има иста таква интервенција и за блиску 45.000 граѓани ќе се обезбеди пакет за енергетика за да се ублажи евентуалното покачување на цената, појасни Битиќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот