Биљали: Барањето на ДУИ за Албанец премиер е подготвување на терен да се оправда дека ќе биде опозиција (ВИДЕО)

мерсел биљали
Мерсел Биљали, аналитичар, Фото: Архива

Политичкиот аналитичар и професор Мерсел Биљали во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“говореше за последниот предлог на ДУИ за идниот премиер да биде Албанец.

-Барањето на ДУИ да се оди со предлог за премиер етнички Албанец и тоа да се постави како некаков услов на албанските политички фактори во Македонија е тема која не треба да се третира до крај.

Тоа е крајно несериозно и комплетно ниско. Надвор од секаква логика е и дури и за тие за кои тоа е наменето, со пократко познавање на состојбите. Дури и кај нив таа „стока“ не се продава повеќе. Луѓето размислуваат поинаку, сакаат подобар живот, нивните деца тука да останат, а не приказни премиерот дали ќе биде Македонец или Албанец.

Ни во Африка ни во Азија не постои политичка партија каде главна ориентација и е тоа. Што е суштината во тоа, изјави Биљали.

Ова може да предизвика само контраефект поради потценувањето на интелигенцијата на луѓето.

-Да беше пуштена оваа работа пред 6-7 години може ќе имаше некој ефект. Сега сум сигурен не само што ќе нема ефект, туку напротив контраефект. Луѓето се свесни дека ова е лага и дека нема ништо од тоа. Многу луѓе го гледаат и како потценување на интелегенцијата. Сите знаат дека дека премиерот го прави мнозинството. И за да имате стабилна влада тоа го прави најголемата партија. Можен е и поинаков договор, но тоа е прашање на договор, а не наоднапред подготвена платформа. Сметам дека ова е подготвуање на терен за ДУИ да се оправда дека дефинитивно ќе биде опозиција.

На изборите можни се изненадувања. Посебно кај албанскиот блок, најголемите песимисти во однос на сегашната албанска опозиција и оптимисти за ДУИ ќе се изненадат. Мислам дека ќе има големи промени, но да почекаме. Мислам дека сите политички партии да се вратат малку на кампањата ’98 каде Тупурковски излезе со програма како ќе се инвестира во иднина. Со дискредитации кои често немаат епилог луѓето не се испровоцирани. Сметам дека партиите ќе осетат дека се потребни конкретни понуди оти тешко дека ќе излезат на изборите, изјави професорот и политички аналитичар Мерсел Биљали.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот