Бил Гејтс: Јавно ќе се вакцинирам, драмава ќе трае до 2022 година

Фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT

Поради пандемината и експлозијата на лажните вести, Бил Гејтс важи за една од „најспорните“ личности во изминатиот период, иако и самиот ги демантираше и осуди теориите на заговор што кружат за него. Во изминатите десетина месеци, во кои светот се соочува и бори со коронавирусот, тој се експонира во јавноста со јасни ставови за голем број на теми како образованието, вакцината, економијата.

Ко-основачот на „Мајкрософт“, исто така, наведе дека наредните четири до шест месеци ќе бидат најлоши од аспект на новозаболените од ковид-19 и бројот на смртни случаи. Во тој контекст нотира и предвидување на американскиот Институт за здравствена метрика и евалуација според кое во САД ќе има уште 200.000 починати лица од ковид-19.

– Мислев дека САД подобро ќе се носат со оваа пандемија, истакна Гејтс.

Според него, постои опасност од враќање на болеста доколку САД не „помогнат на други земји за решавање на вирусот“. Тој, заедно со Барак Обама, Бил Клинтон и Џорџ Буш, рече дека јавно ќе се вакцинира за да влеат доверба кај населението додека огромен број на Американци се скептични и истакнаат дека не сакаат да примат вакцина.

Обама, Буш и Клинтон се пријавија доброволно да ја примат вакцината за ковид-19 пред камери

Гејтс преку „Си-Ен-Ен“ апелира за забрана за големи јавни собири.

– Баровите и рестораните во најголем дел од земјата треба да бидат затворени за време на овој бран, па и во наредните четири до шест месеци, сè додека ситуацијата е горка, изјави еден од најбогатите луѓе на планетата и додаде дека можноста за „закачување“ на вирусот е поголема во угостителските објекти одошто во училиштата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот