БиХ го изгуби својот повластен статус во трговијата со САД

Босна и Херцеговина веќе нема повластен статус во трговијата со САД, откако Општиот систем за преференции за БиХ истече на 31 декември 2020 година.

Такво известување добила надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина од Министерството за надворешна трговија и економски односи на БиХ, пренесува порталот „Бизнисинфо”.

Ова значи, како што е наведено, дека од споменатиот датум, нормалната царинска тарифа за производи со потекло од Босна и Херцеговина се применува во трговијата со САД.

Разговорите за враќање на овој трговски режим се во тек, но неизвесно е дали програмата, како што беше случај досега, ќе може да се применува ретроактивно и дали извозниците на БиХ ќе можат да ги надоместат царинските трошоци направени во меѓувреме, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот