Без ракување – играчите на Бенфика и Ливерпул се поздравуваа со ЛАКТИ! (ВИДЕО)

фото: принтксрин/sportbible.com

Поради стравот од коронавирусот, иако вообичаено пред да започне фудбалски натпревар поздравот оди со ракување, во овој случај не беше така…

Немаше ракување на играчите на мечот во младинската фудбалска Лига на шампионите помеѓу У19 екипите на Бенфика и Ливерпул.

Играчите, како и судиите се поздравуваа со лакти поради стравот од коронавирусот.

No handshakes in the Youth League match between Benfica U19 and Liverpool U19 today. Players and referees greet with elbows due to coronavirus. from r/soccer

Во ова осминафинале португалскиот состав беше подобар со убедливи 4:1 против англискиот тим.

Одлуката веднаш беше донесена по препораките за заштита од коронавирусот.

Голем број на фудбалски и спортски натпревари се одложуваат или се играат пред празни трибини.

Претходно објавивме дека еден реванш меч во Лигата на шампионите и уште два во Лига Европа ќе се одржат зад затворени врати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот