фото: vfmkd.org.mk

Бесплатен влез за мечот Македонија – Грузија: Ни треба максимална победа за пласман на ЕП 2026

По поразот од Грција во Атина со 3:0 во претпоследното коло од квалификациите за Европското првенство 2026, македонската сениорска одбојкарска репрезентација има само една опција за да обезбеди учество на четвртото во низа континентално натпреварување. Максимална победа над Грузија в недела во Скопје со што поголема поен-количник разлика.

Откако избраниците на селекторот Јошко Миленкоски пропуштија да освојат сет во дуелот со фаворитот, сега ќе треба билетот за ЕП да го заверат по потешкиот пат, односно со убедлив триумф над Грузијците во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Македонија е во „трка“ за место меѓу петте најдобро второпласирани селекции, кои исто така обезбедуваат настап на ЕвроВолеј 2026, заедно со седумте првопласирани екипи од групите од квалификациите. По комплетирањето на претпоследното коло Македонија е во битка со Австрија и Норвешка за евро-билет, со подобар поен-количник од конкурентите.

Поради тоа потребно е во последниот дуел со Грузија, Македонија да загуби што помалку поени во сетовите и да запише сигурна победа од 3:0, а потоа да го чека и конечниот исход од натпреварите во другите групи.

Едно е сигурно, на македонските одбојкари ќе им биде потребна безрезервна поддршка од трибините во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, в недела, 20.00 часот, каде влезот ќе биде бесплатен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот