Бени Шаќири и Златко Ориѓански свиреа за пријателите – Во публика имаше познати музичари и политичари

Скопската публика вчеравечер имаше можност да го проследи првиот заеднички концерт на Златко Ориѓански и Бени Шаќири, кој се одржа во Македонската филхармонија.

Концертот е резултат на неколкугодишната соработка на овие двајца музичари, секој за себе познат по своја препознатлива музика, од која произлегоа песни кои на македонската музичка сцена понудија еден поинаков и интересен звук.

На своето прво заедничко претставување, беа изведени песни од албумот „Добро утро госпоѓо“.

Посетителите на концертот уживаа во звуците на „Си беше еднаш“, песна со која тие ја започнаа заедничката музичка приказна, а ги испеаја и „Лепотице“, „Галена“, „Анице“ и многу други песни, како и „Генерале“, која е дел од музиката за претставата „Солун град на духови“ на режисерот Слободан Унковски и чии актери, исто така, на задоволство на присутните гости, беа дел од концертот.

Прочитајте и...  СЗО: Мерките треба да останат, нема докази дека вирусот се сменил

На нивниот вчерашен настап во Македонската филхармонија, кој Ориѓански и Шаќири го најавија како концерт со пријателите, како гости настапија Викторија Лоба, која ја испеа „Ружа, ружица“ и Мартина Аврамовска, која настапи со песната „Птицо малечка“.

Во публиката, за која Бени Шаќири рече дека сите што се таму ги чувствува за пријатели, имаше многу познати личности од македонската музичка, но и политичка сцена. Во концертот на своите колеги уживаше Дарио Панковски, а со звуците на добра музика од политиката вчера вечер одмараше и Стево Пендаровски со својата сопруга.

Прочитај повеќе

Жерновски: Нема да бидеме жртви на стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ, вечно да се одлагаат изборите

Слободен печат

Шпанија втор ден по ред без смртни случаи од Ковид-19

Слободен печат

Турција порача руска воена опрема во вредност од милијарда долари

Слободен печат

Куомо: Граѓаните треба да прават разлика меѓу демонстрантите и крадците

Слободен печат

Гренел поднесе оставка од амбасадорското место во Германија, Трамп му подари фотеља

Слободен печат

Бабата на бебето кое почина во Швајцарија иако позитивна на Ковид-19 си заминала од Инфективна

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

САД воведе санкции за превозниците на венецуелска нафта

Слободен печат

Црна Гора прогласи крај на епидемијата на коронавирус

Слободен печат

Паника во Грција: На летот од Катар откриени 12 заразени лица, сите патници во карантин

Слободен печат

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Слободен печат

Спасовски: Засега нема потреба од карантински мерки

Слободен печат

Банди маскираат деца како работници за да продаваат дрога во Британија

Слободен печат