Бегајте од психичките вампири: Пет типови луѓе кои ќе ја исцицаат целата среќа од вас!

Фото: Профимедиа

Според старото верување, психичкиот вампир е митолошко суштество кое се храни со животната енергија на другите луѓе.

Но, гледајќи ги луѓето околу нас денес, можеме да заклучиме дека такви суштества постојат насекаде околу нас – тоа се луѓе кои ја цицаат позитивната енергија од другите и ги полнат со негативна.

А, зошто го прават тоа? Одговорот на тоа прашање е многу едноставен – затоа што се себични и површни, пишува The Earth Tribe.

Постојат симптоми кои може да укажуваат на тоа дека сте жртва на таква личност:

– Очните капаци ви се тешки и потребата за сон ви е зголемена

– Во лошо расположение се наоѓате

– Често имате желба за прејадување

– Се чувствувате напнато, несигурно, депресивно и негативно

– Чувствувате дека некој постојано ве „спушта“, односно ви го расипува расположението.

Постојат пет типа на психички вампири:

1. Нарцис. Тоа се луѓе кои се вљубени во себе и очекуваат сите да им се восхитуваат. Тие се убедени дека секогаш се во право и дека се подобри од другите, односно дека се над нив во сѐ. Им недостасува сочувство и знаат да бидат многу ладни кон другите, особено кон оние кои не ги исполнуваат нивните желби и очекувања. Тие се склони кон бескрајни дискусии и не прифаќаат туѓи мислења. Најлесно е да се борите против нив со самодоверба, бидејќи тие бегаат од таквата енергија. Немојте да им дозволите поради нивното самообожување вие да се чувствувате лошо, не го заслужиле тоа!

2. Жртва.  Овој тип на луѓе можеме да ги наречеме пософистицирани примероци, бидејќи тие не се толку нападни како нарцисите. Но, тие го цицаат животот од другите со својата негативна енергија. Убедени се дека цел живот им се случуваат лоши работи, дека „оној горе“ се грижи дека секогаш токму тие да бидат мизерни и дека поради тоа ги следи несреќа. Ги тероризираат другите со постојаното негодување, а толку се себични што тоа не го гледаат, или го гледаат, но не им е грижа. Од овој тип на психички вампир можете да се заштитите со тоа што ќе го сослушате минута или две, а потоа незаинтересирано ќе ја свртите главата на другата страна. Ако тоа не помогне, кажете отворено дека негодувањето нема да ги реши проблемите, ќе ги има уште повеќе. Ако баш ништо не успее, време е да ги прекинете контактите со таа личност и да продолжите понатаму.

3. Контролор. Тоа се доминантни и наметливи луѓе, кои сакаат да имаат сѐ под контрола. Знаат да се служат со закани и манипулации за да ве натераат да правите она што тие го сакаат. Понекогаш дури прибегнуваат и кон агресија, а знаат и да играат валкано – со емоционални уцени и нафрлање на чувство на вина. Ова ги прави поопасни од другите видови психички вампири. Најдобрата одбрана е јасно да им дадете до знаење до каде е границата и да се држите до тоа по секоја цена. Често, кога ќе сфатат дека некој не попушта, се откажуваат и се свртуваат кон барање нови жртви.

4. Не престанува да зборува. Овој вид може бескрајно да зборува за себе, за своите авантури, чувства, шеги… Во исто време, нема да застане на својата приказна и да дозволи другата страна да каже нешто. Бидете претпазливи со овие типови, тие ќе ви ја исцрпат енергијата за неколку минути! Дури и ако успеете да проговорите, тие брзо ќе ве прекинат и ќе продолжат да зборуваат за себе. Тие имаат тенденција да се внесуваат во лице додека разговараат, односно премногу навлегуваат во нечиј личен простор. Најлесен начин да не станете нивна жртва е ниту да се дружите со нив ниту да разговарате за што било.

5. Драматурзи. Тие се способни да направат драма од секоја ситница и да го видат проблемот таму каде што не постои и никогаш не постоел. Штом ќе влезат во собата, мирот исчезнува од неа и почнува да се чувствува нервоза. Најдобар начин да се заштитите од овие типови е да ги игнорирате. Тие се всушност најбезбедни од сите психички вампири, но сепак ќе го „исцицаат“ оној кој ќе им го дозволи тоа.

Клучот за заштита од сите пет типа е да се одреди границата на толерирање на нивното однесување. Можеби на почетокот ќе биде малку тешко затоа што ќе се побуни, но наскоро ќе се откаже, ќе сфати дека е така и ќе тероризира некој друг:

– Важно е многу јасно да им ставите до знаење што е неприфатливо и што нема да толерирате.

– Немојте да се впуштате во блиски односи со некој таков, без разлика дали е пријателски или љубовен – ќе зажалите, бидејќи блискоста ја доживуваат како „зелено светло“ за своето себично однесување.

– Говорот на телото може да биде силна одбрана од психичкиот вампир. Застанете исправено со главата нагоре, прекрстете ги рацете и одржувајте контакт со очите. Ова е одбранбен став од кој нема да му биде сеедно.

 

Видео на денот