Бецеки победник на трката во Бразил, прв подиум во новиот тим за Хорхе Мартин
Италијанскиот мотоциклист Марко Бецеки триумфираше на трката за Големата награда на Бразил, која е втора сезонава во Мото ГП шампионатот.
Препорачано
Со оваа победа, Бецеки по вторпат се искачи на највисокото место на патеката „Аиртон Сена“, влегувајќи во одбрано друштво заедно со легендите како Валентино Роси, Марк Маркез и Хорхе Лоренцо.
Италијанецот до победата стигна со сигурна предност од околу три секунди во однос на својот тимски колега Хорхе Мартин, за кого ова беше прво искачување на подиумот по трансферот во Априлија, но и прв ваков успех по пауза од дури 500 дена.
На третото место заврши Фабио ди Џанантонио, кој успеа да го остави зад себе Марк Маркез.
По овој триумф, Бецеки се искачи на врвот во генералниот пласман со 56 бодови, пред Мартин кој има 45, додека Педро Акоста ја зазема третата позиција со 42 освоени поени.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
31мин
-
50мин
-
3час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


