Беа растечка „ѕвезда“, а сега банкротираат: Нафтата „удави“ уште една компанија

Состојбите на пазарите со нафта доведоа уште една компанија од енергетскиот сектор „на колена“.

Дајмонд офшор, кој бележеше загуби и пред моменталниот пад на цените на нафтата, поднесе барање за заштиа од банкрот. Оваа компанија се занимава со бушење во море за компаниите Хес, ОКСИ, Петролео Брасилеиро и БП.

Дајмонд минатата година изгуби 357 милиони долари, речиси двојно повеќе од загубите кои ги регистрираше во 2018 година, бидејќи приходот им опадна за 12 отсто односно на помалку од 1 милијарда долари. За време на последните 5 години загубите на оваа компанија изнесуваат 1,2 милијарди долари. Компанијата во моментов брои 2.500 вработени.

Цената на нафтата опадна последниве неколку месеци поради остриот пад на потрошувачката. Во еден момент нафтата забележа и негатива, бидејќи инвеститорите се загрижија дека ќе нема доволно простор за нејзино складирање. Како резултат на тоа, бушењето на нови извори беше запрено.

Ова е петта нафтена компанија за која јавно се тргува и која поднесе стечај изминативе 30 дена. Во наредниот период се очекува уште многу голем број нафтени компании да банкротираат.

Најголема до сега е „Whiting petroleum“, која банкротираше на 1. април. Компанијата некогаш претставуваше „растечка ѕвезда“ за време на растот на индустријата со нафтени шкрилци, но исто како и Дајмонд и оваа компанија последните неколку години бележеше загуби.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот