Базата на Ѓоковиќ во Њујорк е на имот вреден 40 милиони долари каде тренира со најсовремена технологија

Новак Ѓоковиќ во 2021 година освои три грен слем турнири, играше финале на „УС Опен“/Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY

Новак Ѓоковиќ се наоѓа на само три победи од големата цел, освојување на сите четири грен слем турнири во една година, а новинарите во САД открија дека српскиот тенисер се подготвува во посебни услови.

Ѓоковиќ утревечер го очекува дуелот со Матео Беретини во четвртфиналето на УС Опен, но медиумите во САД освен неговите игри ги интесира локацијата во Њу Џерси во која српскиот тенисер се подготвува.

Новак во Европа по речиси 15 години живеење во Монте Карло, од минатата година се пресели на Марбеља во Шоанија, но во САД кога настапува на УС Опен има место на кое е редовен гостин.

Тоа е тениски центар во Алпајн, населба во Њу Џерси и е во посед на Гордон Улинг, тениски тренер кого „Њујоркер“ го прогласи за најнапреден и кој е фокусиран на последните генерации на технологии кои им се на располагање на играчите.

На имотот на кој претстојува Ѓоковиќ има четири отворени тениски терени и тоа со четири различни подлоги, а постои и еден затвирен терен.

Базата за Ѓоковиќ во Њујорк вредна 40 милиони долари/GUGL MAPS / SCREENSHOТ

Според „Њујоркер“, Новак има пристап и до хипербарна комора која служи за брза регенерација на телото и мускулите по напорните мечеци. Според финансиските експерти имотот на академијата на Улинг „CourtSense“, се проценува на 40 милиони долари.

Според тоа што го дозна „Њујоркер“, затворениот тениски терен е опремен со систем на камери кои го снимаат секој удар и секое движење на тенисерот, а камерите исто така ја следат и брзината на топчето, нивниот спин и шаблоните кои тенисерот ги прави за време на поенот и поради тоа не е изненадување што Ѓоковиќ речеси цела деценија престојува во „CourtSense“ кога настапува на УС Опен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот