Батум го напушти Шарлот, следна цел освојување на НБА титулата!?

Фото: EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Николас Батум го напушти Шарлот по пет години, а негова следна станица според медиумите во САД би требало да биде Лос Анџелес.

Искусниот француски бек стана слободен агент и најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во ЛА Клиперс со чиј клуб се најавува дека ќе потпише таканаречен ветерански договор.

Во претходната сезона, дефинитивно најслабата за Батум кога се во прашање перформансите и минутажата, тој запиша 3,6 поени, 4,5 скока и 3 асистенции по натпревар на 22 натпревари.

Тој имаше скршен прст во октомври и тоа го спречи да покаже повеќе од своите квалитети.

Клиперс пред Батум го ангажираше шпанскиот центар Серж Ибака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот