Бартомеу денеска ќе ги израдува Меси и сите навивачи на Барселона
Денеска треба да се одржи состанок на управниот одбор на Барселона на кој има само една точка на дневниот ред.
Како што тврди каталонскиот весник „Спорт“ кој има одлични извори во фудбалскиот клуб, денеска треба да се одржи историскиот состанок на управата на Барселона. Според пишувањето на весникот, денеска на состанокот треба да се утврди и изгласа датумот на рефендурот за изборот на нов претседател на Барселона.
Бартомеу наскоро си заминува од Барселона, верификувани потписите за негова смена
На истиот состанок се предвидува дека членовите на Управниот одбор ќе изгласаат недоверба на актуелниот претседател Хосеп Марија Бартомеу и на неговите луѓе, но „Спорт“ тврди дека актуелниот челник на тимот ќе реагира пред време и на почетокот од состанокот ќе ја понуди својата оставка бидејќи не сака да му се изгласа недоверба.
Доколку Бартомеу предвреме си замине од претседателската функција најсреќен со тој потег би бил Лионел Меси кој е во отворена војна со челниците на екипата. Меси изминатото лето сакаше да ја напушти Барселона каде ја помина целата кариера, но Бартомеу го стопира неговото заминување во Манчестер сити.
„Војната“ со Меси и слабите резултати предвреме ќе го избркаат Бартомеу од Барселна
– Не можев да му дозволам да си замине, тој е најдобриот фудбалер во историјата и е потребен на нашиот тим. Доколку го имате Меси, успесите се загарантирани. Видовме како изгледа на теренот и повеќе не размислуваме за таа незгодна епизода која се одвиваше – изјави неодамна Бартомеу.
Потезите на Бартомеу во последните неколку години ги разгневија и навивачите кои жестоко ја критикуваат неговата работа. Покрај проблемите кои ги предизвика со Меси, Бартоему го избрка Луис Суарез од тимот со што направи дополнителен раздор во соблекувалната.
Единствен начин за Бартомеу да го одложи заминувањето од претседателската функција е пандемијата на коронавирусот. Имено, градот прогласи вонредна состојба поради што е ограничено движењето поради коронавирусот па постои мала можност состанокот да се одложи за некој ден.
„Барсагејт“ или мал притисок поради Меси: Бартомеу обвинет за корупција!