Бартомеу наскоро си заминува од Барселона, верификувани потписите за негова смена

Претседателските избори во Барселона се закажани за март идната година, но постои можност да се одржат многу побрзо.

Навивачите но и членовите на Барселона се огорчени од работата на актуелната управа предводена од претседателот Хосеп Марија Бартомеу во кого го гледаат главниот виновник за катастрофалната состојба во клубот.

Поради тоа е формирана група „mes que una mocio“ (повеќе од движење) од незадоволните членови на Барселона кои покренаа иницијатива за изгласување недоверба на Бартомеу.

За иницијативата да влезе во процедура беа потребни 16.520 верификувани потписи, групата на незадоволните успеа да собере 20.687 потписи, а од клубот соопштија дека се верификувани што значи дека иницијативата многу брзо ќе влезе во процедура.

Тоа не значи дека Бартомеу автоматски ќе биде сменет од претседателската функција, за тоа потребно е иницијативата да биде поддржана од две третини од вкупниот број на членови со право на глас, а кој изнесува околу 150.000.
Во тој случај, Бартомеу ќе биде разрешен од претседателската функција е ќе се организираат нови избори.

Досега во историјата на Барселона имало само два случаи на кои претседателите се соочувале со рефенрендум за гласање недоверба, и во двата случаи иницијативата не беше успешна.

Првиот обид да се симне претседателот беше во 1998 година кога Луис Нуњез остана на чело на Барселона, а вториот неуспешен случај е од 2008 година кога претседател беше Жоан Лапорта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот