„Барсагејт“ или мал притисок поради Меси: Бартомеу обвинет за корупција!

фото: твитер

И додека во тек е темата околу евентуалното заминување на Лионел Меси, пред првите луѓе на Барселона е уште еден голем проблем. Каталонската полуција се обрати до судот за можна злоупотреба од Управниот одбор на клубот.

Станува збор за скандалот „Барсагејт”, кој избувна во април годинава, но тогаш работите се смирија поради пандемијата на коронавирусот.

Во Реал навиваат Меси да остане во Барселона

Претседателот на Барса, Пеп Марија Бартомеу и другите членови на раководството се обвинети за финансиска измама во врска со договорот со компанијата „I3 Ventures”, која наводно била ангажирана од клубот за да се грижи за имиџот на претседателот, како и да го наруши авторитетот на личности како Лионел Меси, неговата сопруга Антонела Рокузо, Жерар Пике, Чави Ернандез, Карлес Пујол, Пеп Гвардиола и Жоан Лапорта.

Извештајот открива дека Барселона на „I3 Ventures” му платила исклучително висока сума – 980.000 евра. Извештајот покажува дека компаниите обично наплатуваат од 120.000 до 150.000 евра за вакви консултантски услуги.

Пресврт во случајот на Меси: Размислуваме Лео наредното лето да си ја напушти Барселона

Предметната сума била поделена на пет фактури од по 198.000 евра. Ова е направено со цел секоја фактура да не надминува 200.000 евра и со тоа да не биде разгледувана од контролен комитет. Договорите се потпишани со пет различни компании поврзани со „I3 Venture”. Условите во нив биле идентични. Сега судија треба да одлучи дали ќе отвори случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот