Пресврт во случајот на Меси: Размислуваме Лео наредното лето да си ја напушти Барселона

Фото: EPA-EFE/QUIQUE GARCIA

Најдобриот фудбалер на каталонскиот клуб, Лионел Меси, по уште една разочарувачка сезона одлучи да си замине од „Камп Ноу“ но поради договорот и големата отштета ќе мора да остане до идното лето.

Првата рунда на преговори помеѓу претседателот на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу и таткото и агент на Лео, Хорхе Меси, вчера заврши без договор, но по проспиената ноќ од таборот на фудбалерот полека ретерираат во ставовите.

Првата рунда преговори заврши без епилог: Ниту Хорхе Меси ниту Бартомеу не попуштаат

Аргентинскиот „ТyC Sports“ денеска сензационално објави дека „шансите Меси да остане во Барселона се дури 90 проценти“, а конечната одлука ќе биде донесена во петок.

Договорот на Меси со Барселона му истекува идното лето, а откупната клаузула е поставена на астрономски 700 милиони евра и со цел да избегне судска постапка, во таборот на фудбалерот се размислува да се одработи последната година од договорот и идното лето Лео да си замине без обесштетување.

Токму таков беше и одговорот на Хорхе Меси на прашањето дали Лео размислува да остане во Барселона 2021 година и потоа да со оди. Неговиот одговор беше јасен „ДА“.

– Неговата разделба со Барселона не е едноставна. Не сум сигурен дека сега може слободно да си замине – изјави роднината на фудбалерот, Макси Бјанкучи и со тоа потврди дека ставот на Ла Лига е исправен, односно договорот на Лионел Меси и Барселона е валиден и играчот може да си замине само доколку биде исплатена откупната клаузула во висина од 700 милиони евра.

Сепак, Лионел Меси сè уште се нема појавено на подготовките на Барселона кои започнаа минатата недела иако се наоѓа во својот дом во Каталонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот