Првата рунда преговори заврши без епилог: Ниту Хорхе Меси ниту Бартомеу не попуштаат

Состанокот помеѓу Хорхе Меси, таткото на најдобриот фудбалер на Барселона и првиот човек на каталонците, Хосеп Марија Бертомеу, заврши без договор и сè уште не се знае судбината на Аргентинецот.

И двете страни црвсто стојат на своите ставови, Хорхе Меси сака неговиот син да си замине од Барселона додека Бартомеу му нуди нов двегодишен договор на Аргентинецот што е гаранција дека продолжува сапуницата.

Хорхе Меси на состанокот кој траеше 90 минути дојде во друштво на главниот адвокат на неговиот син, додека Бартомеу беше во придружба на директорот Хавиер Бордас.
Хорхе на состанокот сакаше да договори Лео пријателски да си замине од Барселона бидејќи според тврдењата на неговите адвокати, тој во договорот има ставка која му овозможува по завршувањето на сезоната да си замине без обесштетување.

Меси не се појави на првиот тренинг на Куман

Ставот на клубот е дека таа ставка и истечена, односно важела до 30. јуни и поради тоа Бартомеу категорично го одбил предлогот на Хорхе Меси и порачал дека го очекува фудбалерот да се појави на тренинзите.

Исто така Бартомеу нагласил дека Меси ќе биде клучниот човек во новиот проект со Роналд Куман на клупата и притоа возвратил на барањето на другата страна со понуда за нов двегодишен договор.
Според медиумите, платата би била поголемата од актуелната која на има Аргентинецот и изнесува нето 50 милиони евра годишно.

Медиумите во Шпанија известуваат дека двете страни засега играат тврдо и немаат намера да попуштат бидејќи влоговите се преголеми.

Меси јавно изјави дека не се гледа повеќе во Барселона и сака да си замине па дури е подготвен и случајот да го однесе на судот за спортска арбитража во Лозана.

Главниот адут му е ставката во договорот која му дозволува да си замине по крајот на сезоната, односно до 10. јуни, но бидејќи првенството беше во прекин три ипол месеци поради пандемијата на коронавирусот, тој и неговите адвокати сметаат дека крајниот рок за активирање на барањето беше 31. август. Аргентинецот до Барселона официјално достави факс со барање за активирање на клаузулата пред осум дена, односно пред истекот на рокот.

Барселона и нејзиниот претседател Бартомеу кој според сите шпански медиуми освен каталонските „Спорт“ и „Мундо Депортиво“ кои имаат добри односи со него, е главен виновник за хаотичната состојба во која се наоѓа клубот, црвсто стои на ставот дека клаузулата е истечена и секоја заинтересирана екипа мора да плати 700 милиони евра доколку го сака Меси.

Барса не сака да го продаде Меси за помалку од 700 милиони евра!

Според дел од медиумите, доколку ја загуби војната со Меси, му се заканува и затворска казна и поради тоа нема намера да попушти барем засега.

Интересно е што Лионел Меси иако не се гледа повеќе во Барселона, тој е главна ѕвезда на промоцијата на дресовите за наредната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот