Барса не сака да го продаде Меси за помалку од 700 милиони евра!

фото: твитер

Шпанските медиуми тврдат дека првите луѓе на Барселона не одбива да води разговори со Аргентинецот, но тема не може да биде откупната клаузула.

Ставот на каталонскиот клуб е дека Лионел Меси (634 голови/731 натпревар) нема да биде продаден за помалку од 700 милиони евра. Важечкиот договор на фудбалерот со екипата истекува во јуни 2021 година.

Клоп: Би било добро Премиер лигата да го има најдобриот играч на светот!

Најдобриот играч на светот бараше состанок со челниците на Барса за намалување на откупната клаузула за што побрзо заминување од клубот, но неговото барање беше одбиено.

Од „Камп Ноу“ тврдат дека истече членот на договорот според кој Меси може да си оди како слободен играч по истекот на секоја сезона, а неговите адвокати сметаат дека барањето за трансфер е поднесено на време, односно додека тој член од договорот е сè уште валиден.

Како што претходно објавија светските медиуми, Барса не може да го спречи заминувањето на Меси, а сите финансиски сомнежи можат да се решат во каталонските судови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот