„Војната“ со Меси и слабите резултати предвреме ќе го избркаат Бартомеу од Барселна

фото: твитер

Претседателот на каталонскиот клуб, Хосеп Марија Бартомеу, се соочува со изгласување недоверба бидејќи членовите на клубот денеска собраа доволен број на потписи за да организираат референдум за неговата иднина на челот на Барселона.

Гласањето ќе се одржи веднаш откако клубот ќе ги завери сите собрани потписи. На рефендумот доколку две третини од гласовите бидат за заминување на Бартомеу, тој ќе биде сменет и членовите веднаш ќе закажат нови избори.

Членовите на „опозицијата“ објавија дека планираат да го тргнат Бартомеу од претседателското столче веднаш откако најголемата ѕвезда на екипата, Лионел Меси, изјави дека сака да си замине од „Камп Ноу“ и ја обвини актуелната управа дека е неспособна.

Комплетното интервју на Меси: Несреќен сум но останувам, оваа управа на Барселона е катастрофа

Меси цела години ги критикува директорите на Барселона постојано велејќи дека не му се допаѓа во која насока се движи клубот, а неодамна исто така го обвини Бартомеу дека не го исполни ветувањето дека ќе му дозволи ова лето да си замине од клубот.

Хронологија на конфликтот помеѓу Лео Меси и Барселона

Притисокот на Бартомеу се зголеми по срамниот пораз од Баерн Минхен од 2:8 во четвртфиналето од ЛШ, и тогаш првиот човек на клубот беше приморан да најави големи промени и да ги распише изборите за негов наследник во март идната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот