Бартомеу: Барса нема да банкротира во јуни!

фото: твитер

Паузата во сите првенства ги стави и големите клубови во деликатна позиција, бидејќи нивните трошоци продолжуваат да се зголемуваат, но нема приходи.

Првиот човек на фудбалскиот клуб Барселона, со коментар околу тешката состојба во која се наоѓаше шпанскиот гигант.

Прв фудбалски клуб кој банкротираше поради пандемијата на коронавирусот е седумкратниот шампион на Словачка.

Ниту клубот од „Камп Ноу“ нема да биде заобиколен од последиците од пандемијата. Пеп Марија Бартомеу вели дека ситуацијата е комплицирана, нема приходи од 14 март, но Барселона нема да банкротира во јуни.

– Доколку дотогаш ништо не се промени, навистина има големи загуби. Треба да се вратиме во нормален ритам, затоа правиме измени. Затоа ги намаливме платите на играчите за 70 отсто. Треба да го направиме овој чекор и со другите вработени во клубот. Играчите во моментов ги жртвуваат своите плати за да можат другите вработени во Барселона да добијат целосна плата додека кризата заврши. Заштедени се 16 милиони евра, што е 5,75% од годишните плати на играчите – рече претседателот на ФК Барселона, Бартомеу за „Радио Каталонија“.

Воедно се надева дека ваквата ситуација нема да трае повеќе од два месеци. Паузата во сите првенства ги стави и големите клубови во деликатна позиција, бидејќи нивните трошоци продолжуваат да се зголемуваат, но нема приходи.

Бартомеу додаде дека овие се очајнички акции како што се гледаат и во останатите големи европски клубови, односно слични мерки има во Баерн Минхен, Јувентус, Лион…

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот