Прв фудбалски клуб кој банкротираше поради коронавирусот!

фото: твитер

Станува збор за словачката Жилина на нашиот Фазлагиќ, екипа која во историјата седумпати беше шампион во својата земја.

Првата екипа го плати данокот на глобално тешката ситуација е фудбалскиот клуб од Словачка, МШК Жилина.

МЖК Жилина е седумкратен словачки шампион, воедно поранешен учесник во групната фаза од Лигата на шампионите. Во сезоната 2010/11 играа во група со Челзи, Марсеј и Спартак Москва.

Оваа екипа во чии редови е и македонскиот фудбалер Енис Фазлагиќ до прекинот на сезоната во словачкиот фудбалски шампионат се наоѓаше на второто место во генералниот пласман.

– Фудбалскиот клуб МШК Жилина нема само богата традиција, туку и е еден од најуспешните словачки клубови во поновата историја. Нашата долгорочна стратегија е развивање на младите играчи до точката кога тие можат да живеат од фудбалот. Моменталната непредвидлива ситуација не доведе до тоа дека фудбалот и забавата мораме да ги оставиме на страна, додека здравјето и борбата за живот на оние најранливите мора да биде апсолутен приоритет кај сите нас. Како што моменталната ситуација влијаеше на целата заедница, влијаеше и на вработувањата во спортските клубови, вклучувајќи ја и МШК Жилина – пишува во соопштението на клубот.

Нашиот 20-годишен играч Фазлагиќ ја поминува (ше) и третата година како член на Жилина. Претходно беше дел и од тетовска Шкендија.

Банкротот стапува во сила од 1 април, Жилина поголемиот дел од парите ги заработува од трансфери, но поради ситуацијата не е во можност да ја наплати комплетната цифра од последниот голем трансфер, а челниците на клубот предвидуваат дека вработување во летниот период нема да има.

Во клубот се обидуваат да ги спасат своите вработени, тренери и сите останати низ преговори со намалување на платите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот